Friday, March 25, 2011

ИНТЕРВЈУТО СО ЕКС-АМБ. ФУЕРЕ ОД СПИСАНИЕТО РЕШЕНИЈА НА НАСЛОВНАТА НА НЕДЕЛНИКОТ ФОКУС

КРАЈНО ВРЕМЕ ЗА ПОЛИТИЧКО ПОМИРУВАЊЕ




English: www.civil-en.blogspot.com
РЕШЕНИЈА
Втора конференција за политичка култура и дијалог



„Решенија“ е називот на втората Конференција за политичка култура и дијалог на Цивил – Центар за слобода која се одржува на 28 и 29 март во Конгресниот центар при Скопски саем (в. Агенда подолу).
Минатата година, исто така во март, на едно место се собраа високи претставници на  водечките политички партии, дипломатскиот кор, граѓанското општество, медиумите и експертската јавност, да разменат ставови за состојбите, последиците и решенијата на проблемите кои произлегуваат од ниската политичка култура и отсуството на суштински дијалог во земјата. Тоа беше голема и успешна конференција. Но, реалноста во годината која уследи не ги исполни очекувањата. Оваа година, нашата мартовска конференција ја организираме во услови на крајно заострени политички односи во земјата.
Следејќи го продлабочувањето на поделбите во општеството по политичко-партиски линии, етничките тензии, верската нетолеранција, дискриминацијата на поединци, групи и категории во општеството - ние, како дел од граѓанското општество – повикуваме на дијалог и почеток на широко политичко помирување во земјата. 
Политичките партии сносат најголем дел од одговорноста кога станува збор за корените и причините за актуелната политичка криза во земјата. Затоа, ние веруваме дека токму тие треба да почнат со меѓусебен разговор на конструктивен начин и да постават агенда која ќе го залечи унесреќеното македонско општество денес. 
Ги поканивме лидерите на најголемите политички партии во земјава: Г-дин Никола Груевски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ и Премиер на Република Македонија, г-дин Бранко Црвенковски, Претседател на Социјал-демократски сојуз на Македонија (СДСМ), г-дин Али Ахмети, Претседател на Демократска унија за интеграција (ДУИ), коалициски партнер на владејачката партија во власта, г-дин Мендух Тачи, Претседател на Демократска партија на Албанците (ДПА), г-дин Јован Манасијевски, Претседател на Либерално-демократска партија (ЛДП) и г-дин Имер Селмани, Претседател на Нова демократија (НД), како и нивните најблиски соработници, да се сретнат на Конференцијата за политичка култура и дијалог и да споделат еден час од нивното време едни со други, како и со претставниците на македонската и меѓународната јавност. Секој од нив е повикан да говори 5-7 минути на една единствена тема: можности за надминување на политичката криза и длабоките поделби кои го потресуваат нашето општество.
Ги поканивме лидерите и на други помали, но не помалку значајни политички партии. Некои од нив се наоѓаат во владејачката коалиција, додека некои се во опозицискиот блок, рефлектирајќи ја реалноста и општеството на релевантен начин.
Поканивме експерти, аналитичари, новинари и уредници, како и голем број граѓански лидери и активисти да учествуваат на Конференцијата. 
Поканивме екселенции, дипломати и други релевантни меѓународни претставници и пријатели на Република Македонија да присуствуваат и да земат активно учество на Конференцијата. 
Се надеваме дека ќе ги видиме партиските лидери во оваа земја како започнуваат разговор за горливиот проблем на поделбите. Ние очекуваме од нив да започнат дијалог и да ги надминат личните или партиските интереси кога станува збор за доброто на сите граѓани на Република Македонија. Граѓаните очекуваат решенија. Крајно време е за политичко помирување, навистина. 
Ве покануваме и Вас да дадете придонес кон оваа Конференција за која се потрудивме да биде кратка, но содржајна. Ве молиме, потврдете го своето присуство на Конференцијата. Ве молиме, забележете во кој дел од неа ќе присуствувате. Се надеваме дека ќе бидете поттикнати да земете и активно учество на сесиите на Конференцијата.


Контакти:
02/5209176
Сања Трајчевска: 075389697
Соња Ефтовска: 075843487


Овој проект е финансиран во рамките на Програмата Civica Mobilitas, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка. Проектот го финансиран Balkan Trust for Democracy.
Цивил – Центар за слобода се основа во 1999 година во Скопје. Организацијата работи во доменот на промоција и одбрана на човековите права и слободи, мирот и контролата на оружјето. Делувањето на организацијата е претежно на национално ниво, но активна е и на регионално и меѓународно ниво, преку членства во и партнерства со меѓународни мрежи и организации.


Со задоволство сакаме да информираме дека добивме потврда за присуство, особено за сесијата Политичките лидери за политичко помирување од бројни претставници на меѓународната заедница, вклучително и Амбасадори, како и НВО лидер, експерти и медиуми.


РЕШЕНИЈА – ВТОРА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА И ДИЈАЛОГ
Мото: КРАЈНО ВРЕМЕ ЗА ПОЛИТИЧКО ПОМИРУВАЊЕ

28-29 март 2011, Конгресен центар во Скопски саем

АГЕНДА
Ден 1:  28 март 2011
Промоција и панел дискусија: РЕШЕНИЈА – Списание за политичка култура и дијалог

11:00 11:30      Претставување на списанието и авторите
Воведничар: Џабир М. Дерала
Автори во првиот број на списанието Решенија:
Африм Красниќи, Ана Триандафилиду, Гордана Дувњак, Дејвид Бруер, Душан Величковиќ, Исо Руси, Јасна Котеска, Милаим Фетаи, Сашо Орданоски, Харалд Шенкер
11:30 – 12:30      Дискусија
12:30 – 13:30      Коктел

Ден 2:  29 март 2011
Конференција: Крајно време за политичко помирување

09:00 – 11:30      Експертска дискусија за политичките состојби во Република Македонија
Модератор: Марјан Забрчанец
Панелисти: Ирена Цветковиќ, Ида Протугер, Ѓунер Исмаил, Ристо Поповски, Едмонд Адеми
Учесници: претставници на граѓанскиот сектор, медиумите, политичките партии и меѓународната заедница
11:30 – 12:00      Пауза
12:00 – 13:00      Политичките лидери за политичко помирување
Модератор: Харалд Шенкер
Position Paper, презентација: Џабир М. Дерала
Лидерите на водечките политички партии говорат за потребите и можностите за политичко помирување во Република Македонија
Поканети говорници:
Никола Груевски, Али Ахмети, Бранко Црвенковски, Мендух Тачи, Јован Манасијевски, Имер Селмани
13:00 – 13:30      Дискусија
13:30 – 14:30      Коктел